Гостивар
Во Гостивар се одигра првиот натпревар од Средношколската фудбалска лига
Вчеравечер во спортската сала во гимназијата во Гостивар, се одигра првиот натпревар од Средношколската фудбалска лига, во која играат тимови од гостиварските средни училишта, со мешан етнички состав. Овие спортски активности се спроведуваат во рамки на проект, чија цел е да промовира здрав и активен животен стил и да го унапреди соживотот и почитувањето на различностите меѓу младите.
„Во фудбалската лига се натпреваруваат осум екипи, по две од секое средно училиште, а треба да се напомене дека освен натпреварите, тимовите одрежуваат и тренинзи со стручни тренери. Во рамки на проектот, ќе се одржи и женски турнир во одбојка, во кој ќе учествуваат четири екипи, по една од секое училиште. Целта е средношколците меѓусебе да се дружат и зближуваат преку спортот“, рече координаторот Арт Спахиу.
Проектот го спроведуваат Демокраси Лаб-Центар за млади и заедницата и Организирана Асоцијација на младите.
Планирано е да трае осум месеци, а е дел од Регионалната програма за локална демократија во Западен Балкан (ReLOaD), која е финансирана од ЕУ, а ја имплементира УНДП.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот