Поврзи се со нас

Гостивар

Општина Гостивар ќе наградува ученици, наставници и групи од градинка

Објавено

на

Успешни основци и средношколци, посветени просветни работници и детски групи од градинките во Гостивар, ќе добијат можност за општински награди кои ќе ги доделува локалната самоуправа. Критериумите и начините на наградување се определени со посебен правилник.

Се вреднуваат и бодуваат успеси постигнати на општински, регионални и меѓународни натпревари, организирање и учества во креативни активности, ангажирање во хуманитарни цели и друго. Предвидени се награди за најдобар ученик во основно (прво, второ и трето место), најдобар ученик во средно (прво, второ и трето место), најдобра група деца од детските градинки, паралелка од основните училишта, паралелка од средните училишта, група ученици (ученичка секција, екипа) од основните  училишта, група ученици (ученичка секција, екипа) од средните  училишта, најдобар просветен работник од детските градинки, најдобар просветен работник од основните училишта и најдобар просветен работник од средните училишта.

Процесот на избор почнува со објавување на конкурс, од страна на посебна Комисија. Кандидатите пријавите ги доставуваат до Советот на училиштето, којшто пак ги доставува до архивата на Општина Гостивар. Откако ќе ги разгледа пријавите, Комисијата изготвува бодовна листа и ја доставува до градоначалникот.

Наградите, освен парични може да бидат и во вид на определени вредности што одговараат на нивната педагошка намена (часовник, книга, билети за филмска, театарска, спортска и друга културно уметничка претстава, платен престој во детско одморалиште, платено учество за екскурзија, претплата на весници, списанија, ученички прибор и сл.) за што одлука носи градоначалникот.

„Со пофалбите и наградите се стимулира развојот на позитивни особини кај учениците, се јакне вербата во сопствените можности и се дава признание за постигнатите резултати со воспитно-образовната дејност.“, стои во Правилникот.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 10 минути

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 1 час

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 12 часа

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 14 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 16 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 17 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 18 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 19 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 21 час

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена