Гостивар
Отворен ден со ученички избори во основното училиште во Дебреше
Основците од ОУ „Фаик Коница“ во гостиварско Дебреше, од рана возраст учат да практикуваат демократија. Во ова училиште денес се спроведоа избори за претседател на Училишната заедница, на кои тројцата кандидати Арта Шабани, Бесиан Мемети и Нертила Шаќири на јавен настан пред соученици, наставници, родители и други гости, ги образложија своите програми, идеи и предлози околу прашања што ги засегаат учениците.
„Организирањето на ваквите избори се прави со цел да се поттикне и промовира демократски дух кај учениците. Ние и на часовите по граѓанско образование ги учиме демократските вредности и процеси, а навистина радува што кај децата постои голем интерес да учествуваат во овие настани и многу посветено работат на активностите“, рече координаторката Арта Шаќири, наставничка по граѓанско образование.
Изборниот процес помина според утврдените правила, а за претседател на Училишната заедница беше избран ученикот Бесиан Мемети.
Активноста беше организирана во склоп на Отворен ден во училиштето во рамки на проект што го спроведува Бирото за развој на образованието заедно со Македонскиот центар за граѓанско образование. Во овој проект на територијата на Општина Гостивар се вклучени осум училишта.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 1 месец
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ