Гостивар
Започна реконструкција на хируршкиот оддел во болницата во Гостивар
Одделот за хирургија во гостиварската болница „Д-р Ферид Мурад“ ќе добие комплетно нов лик. Управата на установата информираше дека започнаа работите за целосна реконструкција на хирургија. Проектот се реализира од сопствениот буџет на болницата, а вредноста достигнува
околу 15.000.000 денари или 244.000 евра.
Додека се изведуваат работите, ова одделение ќе функционира со намален капацитет.
„Ги информираме пациентите дека за време на работниот период, до конечно спроведување на проектот, одделот за хирургија ќе работи со приближно 30% од капацитетот на медицинските услуги. Се надеваме на разбирање од пациентите.“, наведува болничката управа.
Од таму, најавуваат дека по завршувањето на овој проект, во 2020 година ќе реализираат и други капитални инвестиции.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот