Поврзи се со нас

Вести

КК Гостивар му го зеде „скалпот“ на шампионот и во Скопје: МЗТ Скопје-КК Гостивар 72:78

Објавено

на

Фантастично отворање на вториот дел од првенството за гостиварските кошаркари. Во 12-тото коло во Скопје го совлада МЗТ Скопје со резултат 72:78 по четвртини (21:23, 14:15, 15:17, 22:23 ), нанесувајќи му го првиот пораз на шампионот во Јане Сандански во Скопје.

Првото полувреме целосно им припадна на гостиварци, добивајќи ги двете четвртини. Американецот Доналдсон испорачуваше се што е потребно за водство на тимот од Гостивар, контролирајќи го натпреварот.

Во вториот дел МЗТ Скопје се обиде да го преземе водството, што им успеа во неколку наврати, но во нити еден момент немаа поголема предност од еден поен. Ивица Димчевски во вториот дел имаше шутерски шоу и тоа во најзначајните моменти на натпреварот, кај домаќините Милошевиќ го правеше истото, но не ја доби поддршката од соиграчите. Одличната игра во одбраната се одрази и во нападот на гостиварци, имаа фантастичен процент на реализација од сите позиции на теренот. Шампионот МЗТ Скопје, не успеа да најде одговор на ваквата игра.

Донован Доналдсон беше најефикасен на натпреварот со 20 поени, Димчески постигна 19, Џелетовиќ 18. Костоски запиша 11, Штерјов 5, Тасовски 3 и Димитриевски 2 поени. Кај МЗТ Скопје најрасположени беа капитенот Стојановски 15 и Магдевски 11 поени.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена