Поврзи се со нас

Вести

Состојба на патиштата-Влажни коловози, забрани и задолжително користење зимска опрема

Објавено

на

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, наместа со остатоци од кашест снег по интервенцијата на дежурните екипи на ЈП Македонија Пат, соопшти АМСМ.

Од 7.55 часот на патниот правец Прилеп – Кавадарци преку планинскиот превој Плетвар задолжителна е употреба на зимска опрема за тешките товарни возила. За останатите видови на возила сообраќајот се одвива непречено во зимски услови.

Поради интензивни врнежи од снег, силен ветер и намети, на патниот правец Тетово – Попова Шапка се воведува забрана за сообраќај за сите видови на возила. На патниот правец Тетово – г.п.Јажинце е задолжителна употреба на зимска опрема за сите видови возила.

Од 7.55 часот на патниот правец Делчево – г.п. Делчево се воведува задолжителна употреба на зимска опрема ( синџири ) за тешките товарни возила.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има појава на утринска магла и можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена