Поврзи се со нас

Вести

„Изгоре ќесето“ за прослава на Бадник и Божиќ

Објавено

на

Празниците се благослов и повод семејството заедно да се собере во убава атмосфера во домот. Но, празнувањата значат и дополнителен трошок за семејниот буџет, кој не сите  можат да си го дозволат. Трговците пак, си го гледаат профитот и народски кажано „користат гужва“ , па ги зголемуваат цените на производите што вообичаено се купуваат за празниците. Проценката е дека за Бадник и Божиќ, едно семејство ќе потроши од 4000 до 6000 денари само за да може просечно со ручек и вечера, како што е редот, да ги прослави празничните денови.

Бадниковата трпеза е посна, но тоа не значи и дека се поминува поефтино. Рибата стандардно држи цена: килограм пастрмка чини околу 300 денари, осличот е за стотина денари помалку, а ако купувате лосос ќе треба подлабоко да бркнете во џебот. Костените, кои традиционално се дел од трпезата за Бадник се продаваат за 200 денари по килограм. И оревите се со „солени“ цени. Ако се додадат и парите што се потребни за набавка на суво овошје, тиква, пијалоци, мандарини, јаболка, тогаш повеќе од јасно е дека имаме ситуација „изгоре ќесето“.

На трпезата за Божиќ се принесува и месо. Тоа значи издвојување на уште поголема сума за да се` биде како што треба, да личи богато и празнично. Најчесто се купува свинското кое чини околу 300 денари за килограм, плус – минус 30 денари, зависно какво свинско  купувате. Пилешкото е поефтино, но и не е така омилено и практикувано за божиќниот ручек. За салата, најдобро е да си извадите од туршијата, затоа што цените на свежиот зеленчук се отидени во небо.

И на крај, не е лошо да тргнете некој денар настрана. Доаѓаат и други празници, Стара нова година и Водици. Си требаат пари. А треба да се преживее и февруари, нели?

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена