Поврзи се со нас

Вести

Во Гостивар презентиран проект за вработување на жени Ромки

Објавено

на

Четириесетина жени од ромска националност од Гостивар, Тетово и Дебар преку обуки во разни компании стекнуваат вештини и знаења за полесно да можат да дојдат до трајно вработување или да научат успешно да водат сопствен бизнис. Обуките се дел од проектот „Зголемување на учеството на жените Ромки на пазарот на трудот“ кој денес во Гостивар го презентираше невладината Месечина. Притоа, учесничките и компаниите кадешто се обучуваат, потпишаа договори за соработка.

„Целта на проектот е зголемување на нивото на вработеност на ромската популација како и развивање на работни вештини на жените Ромки за влез на пазарот на труд“, рече Ѓулфер Точи, претставник од Хуманитарното добротворно здружение Месечина.

За време на тримесечните обуки во фирмите, жените ќе добиваат одреден надоместок, а потоа зависно од потребите можна е и шанса за трајно вработување. Во Гостивар распределени се во медицински установи, фризерски салони, маркети и други фирми.

Проектот е финансиран од Европската Унија преку Секторот за централно финансирање и склучување договори при Министерството за финансии. Планирано е да трае до јуни годинава.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена