Поврзи се со нас

Здравје и убавина

Зошто е добро да се пости

Објавено

на

Постот e духовно прочистување. Ја чисти душата, а потиснатите мисли, чувства и проблеми, пријатни и непријатни, излегуваат на површина и со самото тоа, во овој период имаме поголема шанса за изнаоѓање на нивно решение. Постот е патот до духовното просветлување. Некои од најинспиративните поетски и филозофски дела се создадени за време на пост.

Оние кои никогаш не постеле се убедени дека за време на целосна или делумна апстиненција од одреден вид на храна, лицето се чувствува изнемоштено и слабо. Но оние кои постат знаат дека вистината е потполно спротивна. Постот ја враќа енергијата и мотивираноста кај човекот.

Освен духовните, еве и неколку световни придобивки. Постот освен што ја прочистува душата го прочистува и нашето тело. Свесното откажување од храна има многу корисен ефект врз нашиот организам и неговото прочистување.

Постот е пауза во текот на која телото се опоравува од преработка на секогаш нови хранливи материи. Тој претставува внатрешно чистење од токсини наталожени од недоволно сварената храна. Тие се плакнат од сврзните ткива, па преку бубрегот се исфрлаат надвор.

Постот претставува одлична терапија за лечење на одредени болести поврзани со нездрава исхрана како што се дебелина, дијабетис, акни, алергии и тн.

Постот е поттик за убавина. Со поголема циркулација на крвта, кожата станува сјајна и полна со руменило.

Постот ја зголемува кондицијата. Ако на телото му се даде шанса да се одмори од тромоста предизвикана од тешка храна, може непречено да ја ослободи скриената внатрешна сила што ќе ја црпи од насобраните резерви. Всушност, оваа енергија е далеку поефикасна од онаа добиена директно од храната. Така што во текот на постот не би требало да се откажувате од вообичаените спортски активности и тренинзи. Во текот на постот, физичката активност и движењето се повеќе од добродојдени.

Добро е да се пости и барем еден ден во неделата дури и со целосна апстиненција од храна, особено луѓето со вишок на килограми. Организмот тој еден ден е ослободен од преработка на храна со самото тоа се ослободува од токсините.

Децата, трудниците, доилките и лица со заболувања поврзани со метаболизмот не треба да постат или задолжително да се консултираат лекар.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 3 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 4 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 7 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 8 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 9 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 11 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 12 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 13 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 14 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена