Вести
Екипа за помош стигна до отсеченото Тресонче
Тројцата единствени жители на малореканското село Тресонче, кои повеќе денови се отсечени поради непроодни патишта, попладнево добија помош и медицинска грижа. До нив стасаа двајца полициски службеници од ПС Ростуше и лекар од ростушкиот Здравствен дом.
Како што информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, 72 годишниот Неделко Д. претходно јавил дека им е потребен лекар и одредени лекови, а дека самите не можат да се пробијат по патот. Старецот во Тресонче живее заедно со својата сопруга и нивни роднина и се единствени жители кои престојуваат во селото преку целата година. Екипата која била испратена за помош успеала да дојде до селото и до луѓето со теренско возило кое го обезбедило општина Маврово Ростуше.
Малореканското село Тресонче се наоѓа на 1.050 метри надморска висина, а од Ростуше е оддалечено 20-тина километри.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот