Поврзи се со нас

Гостивар

Пожарникарите во Гостивар вклучени во миење на улиците и распределба на хуманитарни пакети

Објавено

на

Гостиварските пожарникари, освен редовните обврски на интервеници за гаснење пожари, периодов додека трае корона пандемијата помагаат и во други активности од јавен интерес. Заедно со екипите на комуналното претпријатие работат на миење на градските улици, а се вклучени и во доставувањето на хуманитарни пакети за социјално загрозени семејства.

Што се однесува до состојбата со пожарите, од Противпожарната единица ја оценуваат како вообичаена за овој период од годината, кога има и појава на пожари на отворено.

„Овој месец имаме интервенирано на 26 пожари, од кои 15 на отворен простор, останатите во куќи и други објекти. Состојбата е вообичаена, отприлика како изминатата година во овој период. Сега во време на вонредните услови поради короната, наши екипи се вклучени во миење на улиците заедно со „Комуналец“, како и во активности на Општина Гостивар при делење на пакети со хуманитарна помош“, рече командирот на Противпожарната единица, Јусуф Бајрами.

Изминатиот период биле преземени неколку зафати за подобрување на условите во објектот, кадешто е сместена пожарникарската служба. Сите стари прозорци се заменети со нови, а инсталиран е и нов систем за парно греење. Пожарникарите во наредниот период ќе се подноват и со униформи и опрема.

Зградата е стара и дотраена, па има уште многу работи за санирање и обнова, но за следен чекор, најважно е да се среди покривот, нагласи Бајрами.

Од Противпожарната единица во Гостивар упатија апел до граѓаните, особено до земјоделците и оние коишто се движат во шумски предели, да бидат повнимателни и да не палат огнови за да не се предизвикуваат пожари.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена