Гостивар
Во земјава потврдени 13 новозаболени, во Гостивар нема нов позитивен на корона

Во изминатите 24 часа на државно ниво направени се 289 тестирања, а потврдени се 13 нови случаи на КОВИД-19 и тоа во: Скопје-4, Куманово-5, Прилеп-2 и Тетово-2. Со ова, вкупната бројка на дијагностицирани изнесува 1399 пациенти, информираше Министерството за здравство.
Институтот за јавно здравје регистрира 53 оздравени пациенти од коронавирус. По градови:
– Скопје 25
– Куманово 13
– Прилеп 5
– Струга 1
– Битола 4
– Охрид 1
– Кочани 4
Во денешниот извештај има информација за 4 починати лица.
„На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа две лица, 58 годишна пациентка од Желино (Тетово) примена на клиниката на 21 април со тешка форма на болеста и 81 годишна пациентка од Куманово, лекувана на клиниката од 15 април. И двете пациентки страдале од висок крвен пристисок. Во ГОБ „8 септември“ почина 1 лицe од Куманово на возраст од 47 години, примен на болничко лекување на 3 април во тешка состојба и долго време приклучен на респираторна машина. Почина и пациент од Битола кој се лекуваше во болницата во Битола. Пациентот бил на возраст од 66 години и во тешка општа состојба, со срцева слабост и цироза.“, соопшти Министерството.
- Македонијапред 1 месец
Отворена летната сезоната за риболов во водите на ЈУНП „Маврово“
- Македонијапред 2 месеци
Силен земјотрес во Босна, почувствуван во Македонија
- Здравје и убавинапред 2 недели
Внимателно во природа, заштитете се од крлежи, оси, стршлени…
- Македонијапред 1 месец
Се празнува Спасовден
- Гостиарскипред 3 месеци
Во Гостивар се одржува „Вешта жена“: Уникатни трпези, забава и дружење
- Гостиварпред 2 месеци
Објавена прелиминарната листа со имиња за распределба на социјални станови во Гостивар
- Гостиварпред 2 месеци
Велигден 2022 во Гостивар: Сплотени со радост во срцата, Христос Воскресе-Навистина Воскресе!
- Гостиварпред 1 месец
Илчо Димитров и Елена Дуровска младенци на Галичка свадба 2022