Поврзи се со нас

Гостивар

Кризен штаб Гостивар: Полициски час од 23 до 5 наутро, инсистираме дозвола за кафетериите да проработат

Објавено

на

Локалниот Кризен штаб на општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше испраќа барање до централиот штаб за скратување на полицискиот час. Се предлага во работни денови полицискиот час да биде од 23 навечер до 5 наутро, додека во викендите од 19 до 5 часот.

„Констатиравме дека состојбата во општините кои спаѓаат во овој локален штаб е многу стабилна. Граѓаните стрикно се придржуваат до правилата и мерките, така треба да продолжат и во периодот што следи. Како и минатата недела, и оваа испраќаме наши барања до централниот штаб. Нашиот став е дека полицискиот час треба да се скрати, и тоа во работните денови да биде од 23 до 5 часот, додека во викендите од 19 до 5. Уште еднаш бараме да се дозволи кафетериите да работат по шалтерски систем. Тоа го баравме и минатата недела, и иако на седницата на 30 април, Владата донесе заклучок во кој се вели дека може да работат по систем „земи и оди“, се уште немаме официјален документ за оваа одлука, за да може тоа што го решиле на седницата, ние да го практикуваме на терен.“, изјави градоначалникот Арбен Таравари, како претседател на локалниот штаб.

На денешниот состанок на штабот, претставници од институциите и установите во Гостивар изнесоа куси извештаи за активностите што ги спроведуваат во нивна надлежност и состојбите врзани со коронавирусот. Општ заклучок беше дека нема значајни промени и ситуацијата е во границите на нормалата.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена