Поврзи се со нас

Вести

Центарот за култура поддржан со 25 проекти – Поетскиот фестивал не доби пари

Објавено

на

Центарот за култура АСНОМ во Гостивар, влезе во годишната Програма на  Министерство за култура со вкупно 25 проекти. Годинава, Министерството не го одобри Меѓународниот поетски фестивал „Литературни искри“ кој добиваше поддршка во изминатите две години и прерасна во значајна манифестација за градот. Од Центарот најавуваат поднесување на приговор.

„Со оглед на тоа дека станува збор за фестивал што се докажа и се организира во чест на Св. Кирил и Методиј, ние очекувавме уште поголема поддршка од лани, а за жал се случи воопшто да не биде поддржан. Го чекаме официјалното решение од Министерството, по што ќе поднесеме приговор. Се надеваме дека ќе имаат разбирање колку е оваа манифестација важна за литературната сцена и за градот Гостивар“, рече Луан Зенки, директор на Центарот за култура АСНОМ.

Министерството за Гостивар предвиде пари за поставување на 12 изложби, две драмски претстави (на македонски и на албански јазик), издавање на Монографија за роднокрајни автори како и за свечености за одбележување на празници.

Освен за организирање културни настани, гостиварскиот Центар преку годишната Програма ќе поддршка и за инфраструктурни зафати за подбрување на условите за работа во објектот. Планирана е обнова на фасадата и парно греење во големата сала.

Како и претходните години и оваа, доделени се средства за набавка на нови книги во градската библиотека.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена