Поврзи се со нас

Гостивар

Буџетот на Гостивар во првиот квартал реализиран над 20%

Објавено

на

Буџетот на Општина Гостивар во првите три месеци од годинава е реализиран со над 20%. Надлежните од Секторот за финансии ја оценуваат реализацијата како добра. Сепак треба да се има предвид дека во тој период се уште немаше коронакриза, и ефектите од пандемијата врз општинските финансии ќе испливаат на површина во наредните месеци. Извештајот за буџетот за првиот квартал ќе се најде на седница на Советот закажана за оваа среда.

„Првиот квартал имаме добра реализација на буџетот, што значи ако вака продолжи до крај на годината ќе имам 90% реализација и тоа без ребаланси. Основниот буџет на пример во првите три месеци е реализиран со 21%, самофинансирање 22%, дотациите 25% и донациите 6,5%.“, изјави Садри Елези, раководител на Сектор за финансии и буџет Гостивар.

Од наплата на даноци во првиот квартал во буџетот се влеале 11,5 милиони денари. Елези објаснува дека тие средства се всушност од даночни решенија испратени до граѓаните и фирмите минатата година. „Овој период е специфичен затоа што до 31 март, одделението за даноци и такси ги подготвува решенијата за тековната година, значи тие што се наплатени се всушност од лани“, вели Елези.

Буџетот на Општина Гостивар за 2020 е проектиран на околу 18,5 милиони евра. Ребаланс најверојатно ќе има кон средината на годината.

Инаку, седницата на Советот во среда ќе се одржи онлајн преку апликацијата зум. Ова е прв пат, советот да заседава на ваков начин, а се практикува поради препораките за заштита од коронавирус.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 час

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 6 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 7 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 9 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 10 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 12 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 1 ден

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 1 ден

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 ден

Куче скитник утрово нападнало гостиварец

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена