Рецепти
Здраво, вкусно и освежително – салата со булгур
Ако сте во потрага по здрави намирници, тогаш дефитинивно треба да го внесете булгурот во вашата исхрана. Се смета за една од најздравите житарки. Содржи калциум, железо, магнезиум, цинк, тиамин, ниацин, рибофлавин, витамин B6. Помага за смалување на холестеролот, триглицеридите и го регулира нивото на инсулин. Добар е за време на диети поради карбохидратите и диететските влакна што ги содржи. Споредено со кафеавиот ориз на пример, булгурот има дупло помалку калории и дупло повеќе диететски влакна.
Еве една идеја за освежителна салата со булгур.
состојки:
- 200 гр булгур
- 10 листа марула
- 1 младо кромидче
- 1 морков
- 5 шери домати
- 2 роквици
- 1 краставица
- маслиново масло
- сол, бибер
- сок од лимон или јаболков оцет
Подготовка:
Најпрво ставете го булгурот во половина литро вода да се вари. Варете се додека водата не се впие целосно и булгурот не омекне, или отприлика 10-тина минути. Сите зеленчуци исецкајте ги синто и измешајте ги со сварениот булгур, па додадете ги зачините. Вака подготвена оваа салата може да биде додаток, но и лесен ручек или вечера.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот