Поврзи се со нас

Гостивар

Персонал од Итна помош во Гостивар во изолација, по потврден коронавирус кај медицинска сестра

Објавено

на

Потврден е коронавирус кај медицинска сестра од службата за Итна помош во Здравствениот дом во Гостивар. Ова е прв и во моментот единствен случај на заболено лице вработено во оваа здравствена установа. По направената епидемиолошка анкета, превентивно целата смена од 13 вработени, медицински и технички персонал е пратена во домашна изолација.

Директорот на Здравствениот дом, Јамин Синани вели дека биле преземени сите мерки и препораки за заштита, а заболената сестра е на домашно лекување.

„Дирекцијата на Здравствен дом од почетокот на пандемијата ги има преземено сите мерки, како дезинфекција и опремување на персоналот со заштитна опрема. За случајот со инфицираната медицинска сестра направена е епидемиолошка анкета на целиот медицински и немедицински персонал кој бил на смена, тие се без симптоми и пратени во домашна изолација. Во меѓувреме извршена е целосна дезинфекција на сите простории. Медицинската сестра е во стабилна состојба и се наоѓа на домашно лекување.“, вели Синани.

Според него службата за Итна медицинска помош продолжува да функционира непречено на услуга на пациентите, со оглед дека смените од почетокот на пандемијата се организирани да немаат меѓусебни контакти.

 

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 9 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 10 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 12 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 14 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 15 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 17 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 18 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 19 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 20 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена