Гостивар
Потврдени нови 11 корона позитивни во гостиварско
Пораст на бројката на заразени со коронавирус на поширокото гостиварско подрачје. Министерството за здравство потврди вкупно 11 нови случаи. Гостиварските медицински служби имаат информација дека 5 се од територијата на Општина Гостивар, 3 од Општина Врапчиште, додека за останатите до овој момент нема податок на која општина се жители.
Во денешниот извештај на Министерството за здравство регистрирани се и два оздравени пациенти од регион на Гостивар.
Со тоа, вкупната бројка на активно болни од Ковид во трите општини Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше се движи околу 60.
Во продолжение комплетното соопштение за состојбата со корона од МЗ:
Во последните 24 часа се направени 1074 тестирања, а регистрирани се 163 нови случаи на ковид-19. По региони: Скопје 70, Куманово 2, Дебар 6, Штип 14, Прилеп 2, Тетово 25, Струга 4, Велес 2, Битола 1, Охрид 9, Кавадарци 3, Гостивар 11, Струмица 1, Крива Паланка 2, Кочани 3, Свети Николе 4, Ресен 4
Во ГОБ „8 септември“ починаа три лица, пациент од Ресен (42 г) хоспитализиран на 13 јуни и двајца пациенти од Скопје (71 г) хоспитализиран на 15 јуни и пациентка (83 г) хоспитализирана на 23 јуни.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 40 оздравени пациенти.
– Скопје 6, Куманово 1, Штип 16, Прилеп 1, Тетово 9, Велес 2, Битола 1, Гостивар 2, Кочани 1, Ресен 1.
Досега во земјата се направени вкупно 56.809 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5758, бројката на оздравени пациенти е 2206, на починати е 268, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 3284.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот