Поврзи се со нас

Гостиарски

Така се зборува во Гостивар (8) – Детски игри

Објавено

на

Кои игри ги играле децата во минатото во Гостивар? Како се игра „чукутка“? Прочитајте во продолжение преку раскажувањето на Младен Манојлоски, објавено во книгата „Така се зборува во Гостивар“ од Боге Димитриески.

Детски игри

Сме играле (ако сме играле топка, се разбира со боси нозе) сме играле топка напраена од чорапи. Стари. Само, можда и сме јале ќутек. За чорапите. Сме играле „челик“ што сега младите не го играат. Младите деца нé-знаат и не го играат, а нити ги оставаме да играат. Тоа е еден стап како ојња за голф, само што нема напред она и друго помало дрвце, олкáво и тоа исечено од едната страна и другата, изделкано, така да биде контра. Ко ќе `о чукнеш на врвот челикот, тој ќе скочи и ќе го чукнеш со дрвото. Напишан бил со римски броеви: пет, десет, петнаес, дваесет на сите четири страни. И тоа ко ќе го фрлиш тамо и броиш. Тоа е на ралун, на математика. Детето да се учи да собира. Има пет, десе, петнаесе и дваесе. Ме разбравте сега? Е, после сме играле „чекутка“. Сме играле „чекутка“ тројца, четворица. Ќе се напраит една дупка, отприлика дǎлбока негде дваес пет сантима. Широка исто така дваесет и пет. А „чекутка“ тоа е од пченка внатрешното. Зрното што се нá-него, тоа се вика чекутка и сó-него сме играле. Еден од нив ќе падне, „ќе лежи“. Се вика „лежи“. И тој требе таа чекутка да е фрли во дупката. А овие со стапој бранат да не јá-тури тој. Е сеа, коа ќе ја тури тој чекутката у дупка, одма пó-него зема друг. Тој ќе требе да трча и ќе го перкаат. Тој ќе ја фрла одалеку чекутката да падне, таа нé-пајат, тој ќе ја нај, ќе дојде дó-неа, ќе ја чукне дур` онамо и тој требе да оди тамо да е земе. Ама пак, овие што се вамо, што бранат дупката, имāт потпéтица дупка напраено во земјата колку да е тури петицата. Нé-смее тој д`излезе од дупката, да е напушти, д`оди подалеку да е чукне чекутката, зашто овја што фрл`ат ќе му стǎпне на местото и тој „ќе лежи“.

 

(Младен Манојлоски 1932)  

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 11 минути

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 1 час

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 2 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 4 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 4 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 5 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 5 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 6 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Здравје и убавинапред 21 час

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена