Поврзи се со нас

Македонија

Последен ден за пријавување за земјоделски субвенции

Објавено

на

На полноќ завршува рокот за поднесување на барања за субвенции за земјоделците. Со Програмата за дирекни плаќања во земјоделието и сточарството опфатени се производителите на  полјоделски и градинарски култури, лозови и овошни насади, одгледувачи на говеда, овци, кози, пчели, свињи, а субвенции се предвидени и за заклани животни во кланица.

Од Министерството за земјоделие упатија апел земјоделците да го запазат рокот. Доколку пак, им е потребна помош околу аплицирањето кое се врши по електронски пат, да се обратат во подрачните единици.

Пријавувањето се врши преку регистрирање во системот на веб страната на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој www.ipardpa.gov.mk

Според последните објавени податоци вчера за субвенции аплицирале 60.350 земјоделци од целата земја. Надлежните очекуваат бројката да се зголеми со оглед дека дел од граѓаните имаат навика да го чекаат последниот ден.

Од Министерствот нагласуваат дека е важно да се испочитуваат роковите,  за да може да се продолжи постапката за обработка на решенијата за исплата на субвенциите.

Во сабота пак, на 1 август завршува рокот за пријавување за користење на средства од ИПАРД 2 програмата. Оваа мерка е наменета за инвестиции во растително и сточарско производство, преработка и директен маркетинг на сопственото земјоделско производство, и за производство на енергија од обновливи извори за сопствена потрошувачка.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена