Поврзи се со нас

Магазин

Дождот им носи главоболка и меланхолија на метеопатите!

Објавено

на

Патите ли од главоболка секогаш кога врне дожд? Дали ви се менува расположението и немате волја за никакви активности на тмурно време? Ви се случува ли да ве „вртат коските“ и да ве нападне поспаност во услови на облачност? Доколу е така, а имате здрав организам, тогаш е јасно дека страдате од метеопатија и тешко ги поднесувате деновите како што е овој.

Метеопатијата е еден вид здравствен проблем кој се јавува под дејство на влијанието на метеоролошките фактори, меѓу кои промени на температурата, влажноста и воздушниот притисок, ветер, дожд, грмотевици. Лекарите велат дека метеопатијата полека, но сигурно станува многу честа болест на модерниот живот. Анализите покажале дека гледано по полови, жените се позасегнати од проблемот. Дури 30% од вкупната женска популација во светот, страда од оваа појава.

Најизразени симптоми на метеопатија се: меланхолија, главоболка, намалена концентрација, мрзоволност, болки и непријатност во зглобовите. Иако медицината се` уште ја нема официјално прогласено како дијагноза и болест, не значи дека метеопатите ги измислуваат симптомите и секако треба да преземат мерки за да ги ублажат.

За полесно пребродување на долгите врнежливи денови, се препорачуваат некои општи мерки значајни за подобрување на здравјето на телоти и психата. Иако врне, во текот на денот минимум да се пешачи по еден час. Да се пијат чаеви и тоа: зелен чај, чај од камилица, нане и маточина и да се пие поголема количина на вода. Наутро да се појадуваат житарици,а ручекот да биде богат со зеленчук. Задолжително да се најде време за одмор и релаксација во мир и тишина за да се намали стресот.

Ако ништо од ова не ви помогне, не очајувајте, дождот знае да биде и романтичен. Убаво е да имаш со кого да делиш чадор 🙂

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 14 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 15 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 18 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 20 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 22 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 23 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 1 ден

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 1 ден

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена