Поврзи се со нас

Магазин

Боенките за возрасни како антистрес терапија

Објавено

на

Во последните години, се попопуларни стануваат боенките за возрасни, чија намена главно е ралаксација после напорниот работен ден. Иако боењето генерално се смета за детска разонода, сепак со оглед на фактот дека поттикнува кративност и учествува во зачувување на менталното здравје, веќе го освојува и светот на возрасните.

Психотерапевтите ги наведуваат следните придобивки од боењето: развој на креативноста и изразувањето, намалување на стресот и анксиозноста како и намалување на емоционалната болка. Оваа терапија им помага на лицата кои патат од депресија, деменција, анксиозност и посттрауматски стресни пореметувања.
Доктор Стен Родски, невропсихолог со 30 годишно работно искуство, кој исто така е и автор на боенки за возрасни, објаснува дека боенките поттикнуваат релаксираност, слично на тоа што се постигнува преку медитацијата. Слично на медитацијата, и боењето ни овозможува да ги исклучиме мислите од други работи и да се фокусираме на моментот. Задачите кај кои резултатот може да се предвиди, како боењето или плетењето, најчесто делуваат смирувачки. Со помош на напредната технологија може да се забележат и физички ефекти што оваа активност ги има врз телото како регулирање на ритамот на срцевата работа, промена во мозочните бранови.

Неговиот колега доктор Џоел Пирсон, пак објаснува дека концентрираното боење на слики може да ја олесни замената на негативните мисли со пријатни. Активностите поврзани со боењето би требало да ги окупираат истите делови од мозокот кои спречуваат секакви ментални слики што се поврзани со нервозата, а секоја активност што помага да го контролирате вниманието е корисна за позитивно расположение.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена