Поврзи се со нас

Гостивар

Во Гостивар се врши дезинфекција на згради по барање на граѓани

Објавено

на

Во период на повисок ризик од ширење на коронавирусот, екипи на Јавното претпријатие за паркинзи и зеленило во Гостивар вршат дезинфекција на колективните згради, со специјално средство за таа намена. За разлика од првата фаза на дезинфицирање, која се спроведе на почетокот на пандемијата и со која беа опфатени поголемиот дел од зградите, овојпат се прска во објектите каде граѓаните бараат. Обично се работи за згради во кои има потврден заразен пациент, а со цел да се заштитат останатите станари.

„Поради зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус, да се намали ризикот, повторно вршиме дезинфекција на колективните згради. Овојпат тоа го правиме на барање на граѓаните. Оние кои се заинтересирани, треба да се обратат во нашето претпријатие со барање и наша екипа истиот ден или најдоцна утредента излегува на терен и спроведува дезинфекција“, вели Беким Челебиу, директор на ЈП за паркизни и зеленило.

Со оглед дека во колективните згради има од 20 до 40 станови, семејствата користат ист влез, ходник, лифтови или скали, темелната дезинфекција на објектите е добредојдена за заштита од ширење на коронавирусот.

Од претпријатието објаснуваат дека средството што го користат, испарува за 15-тина минути и не носи никаква штета за луѓето.

Освен тоа, од паркинзи и зеленило, следниот период ќе направат дезинфекција и долж шеталиштето на Вардар, кое важи за омилено место за прошетка и релаксација на гостиварци во летниот период. Прскањето на Кејот ќе се спроведе со специјална машина, што фирмата ја добила како донација.

Просториите на ЈП за паркинзи и зеленило се наоѓаат до „Комуналец“.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 59 минути

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 3 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 6 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 8 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 8 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 10 часа

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 11 часа

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 21 час

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена