Поврзи се со нас

Гостивар

Петти протест во Гостивар: Не се откажуваме – да се поништи поскапувањето на струјата!

Објавено

на

Во Гостивар по петти пат се одржа протест во знак на револт од зголемувањето на цената на електричната енергија. Граѓаните своето незадоволство од поскапувањето на струјата, го искажаа пред објектот на ЕВН.

Таму, ги повторија барањата да се поништи одлуката за поскапа цена, истата да се намали за 46%, Регулаторната комисија за енергетика да се распушти, да се укине монополот на дистрибуција и да се формира независен орган за квалитетот на услуги и поплаки на граѓаните од компаниите.

Овие протести немаат ни политичка, ни етничка основа, ова се граѓански протести и ништо повеќе. Благодариме што дојдовте за вашите семејства, за вашите деца. Користам прилика да истакнам и еден друг проблем, а тоа е создавањето на гужви и чекањето со саати да се плати сметка во ЕВН. За да нема такви маки, треба да се отворат шалтери за наплата во сите населени места, да се избегнат редиците и да им се олесни на граѓаните од селата.“, рече еден од говорниците, Селајдин Абдули, од Движење Резистенца – Чегране.

Протестот во Гостивар, што го организира навивачката група Кастриоти го поддржаа и нивните соработници од Тетово.

„Следно на нашата агенда е да ги предизвикаме пратениците во Собранието, да реагираат на проблемите на граѓаните. Да работат на укинување на Регулаторна и формирање на независно тело кое ќе ги разгледува поплаките и жалбите на граѓаните врзани за услугите со електричната енергија“, изјави Аријанит Џафери од организациски одбор на протести во Тетово.

На протест повторно излезе и градоначалникот на Гостивар, Арбен Таравари.

„Секогаш кога се работи за доброто на граѓаните, ние сме тука. Сметаме дека одлуката за поскапување на струјата е нереална, затоа што сме во период на криза. Се надевам дека ќе ја преиспитаат својата одлука и ќе ја намалат цената, бидејќи поголемиот дел од граѓаните поминуваат низ тешка економска криза“, рече градоначалникот.

Протестот во Гостивар се одржа под силно полициско обезбедување, а помина мирно.

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена