Поврзи се со нас

Гостивар

Грозоморно убиство во Гостивар – маж со секира и нож ја убил сопругата

Објавено

на

Полицијата во Гостивар трага по 67 годишен гостиварец, по пријава за убиство во гостиварската населба Бањешница.

Настанот бил пријавен утринава околу 7 часот од син на жртвата, гостиварка на возраст од 60 години. Осомничен за стореното кривично дело е нејзиниот сопруг, 67-годишен жител на Гостивар, со кого жртвата подолго време имала нарушени односи, соопшти обвинителството. Според првичните сознанија на обвинителството, осомничениот ја нападнал оштетената, па со употреба на секира и нож ѝ нанел повеќе убодни рани по телото.

Јавниот обвинител издал наредби за обезбедување и прибирање на траги од лице место, кои ќе бидат предмет на натамошно вештачење. Издадена е и наредба за обдукција на телото на починатата.

Осомничениот по извршеното кривично дело се дал во бегство и во моментов е недостапен на органите на прогонот.

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, во координација со екипа на крим техника од Министерството за внатрешни работи, извршиле увид на местото каде утринава е пронајдено тело на жената.

 

Сподели ја веста:
Остави коментар

Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена