Поврзи се со нас

Вести

Ден посветен на Св.Трифун, чувар и заштитник на лозјето

Објавено

на

Православните христијани денес, 14 февруари, го слават празникот востановен во чест на Св.Трифун, кој се смета за чувар и заштитник на лозјето.

Според обичаите, лозарите за првпат одат на лозјата во новата календарска година и ги закројуваат, надевајќи се дека така светецот ќе помогне грозјето да биде благо, а бочвите полни со вино. Попрскувањето на лозјата со светена вода и  поткаструвањето на гранчињата, се прави со верување дека свети Трифун ќе го заштити родот од разни болести, штетници и од невреме. Исто така, постои верување дека светецот на својот празник забодува факел во земјата, па снегот почнува да се топи. Многумина веруваат дека токму на овој ден започнува пролетта, се будат природата и љубовта меѓу луѓето.

Народот многу повеќе знае за обичаите, традициите на празниците, отколку за животот на самиот светец што го чествува. Кој бил Свети Трифун?

Според преданијата, Свети Трифун живеел во трети век, а се родил во сиромашно семејство во мало селце во Мала Азија, во областа Фригија. Родителите од мал го дале да ги пасе гуските во селото. Пораснал како беден гускар и како младич им служел на селаните и им помагал на сите. Господ го наградил за неговата добрина и му дал дар на чудотворство, да лекува болни и да ги заштитува лозјата, овоштарниците, градините, посевите и нивите. Во Рим ја излекувал ќерката на царот Гордијан, па тој богато го наградил. Св.Трифун богатството го раздал на сиромасите и продолжил да живее скромно, во пост и во молитва и да им прави добро на луѓето. Но, кога на престолот дошол цар Дациј, којшто чул дека Трифун проповеда христијанство, му ја отсекол главата. Св.Трифун бил убиен токму на 14 февруари.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Бизниспред 17 минути

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 1 час

Запалено ѓубриште кај гостиварска патарина

Гостиварпред 3 часа

Драстична промена на времето, пороен дожд, грмежи и ветер

Македонијапред 4 часа

Денес е Велики четврток, првите велигденски јајца вапсани пред изгрејсонце

Македонијапред 15 часа

Како да препознаете фалсификат евро монета

Гостиварпред 17 часа

Почнува уписот на првачиња за учебната 2024/2025 година

Регионпред 21 час

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 22 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 24 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена