Гостивар
Протокол за интернатите: Два пати дневно дезинфекција, во менза забранети заеднички кечап и зачини, во двокреветна соба само еден ученик…
Протоколот за работа на ученичките домови предвидува низа правила според кои треба да се водат вработените и учениците за време на престојот. Во продолжение го пренесуваме протоколот во целост.
Сместување
- Пулт за дезинфекција на чевлите (дезо-бариера), и дезинфекционо средство за дезинфекција на рацете задолжително да се постави на влезот од секој ученички дом. Доколку ученикот со себе носи дополнителни ресурси (торба, патна торба и слично) потребно е истите да бидат дезинфицирани од портирската служба пред внесувањето во домот.
- На влезот во домот да се постават едукативно – информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење на заштитни маски, одржување на физичко растојание, редовно дезинфицирање на рацете и правилна респираторна хигиена.
- Секој ученик при движење во домот и заедничките простории на домот ( ходници, лифт, менза ) задолжително да носи заштитна опрема, маска и ракавици.
- Вработените задолжително да носат заштитна опрема, маски и ракавици.
- Од заедничките простории, да се отстранат сите маси, столици, фотељи на кои е можно групирање на ученици, и да се води засилена контрола од страна на портирската служба и вработените, со цел да се оневозможи групирање на учениците во заедничките простории и собите.
- Во заедничките простории на ученичките домови да се постави корпа за отпадоци со капак, која ќе се отвара со ножна педала.
- Ученикот при вселување во домот и добивање на клуч од собата, добива и флаер со совети за заштита и протокол за неговиот престој во Домот.
- Во една двокреветна соба може да биде сместено само едно лице а во соба со над два кревета може да бидат сместени максимум две лица.
- Секојдневно проветрување на заедничките простории во домот.
- Два пати во текот на денот задолжително, треба да се спроведе чистење и дезинфекција на заедничките простории во домот ( ходници, библиотека, читална, менза итн. ) со средство кое делува на вируси, според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05 натриум хипохлорид (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
Читална и библиотека
- Учениците кои ќе бидат присутни во читалната задолжително да носат заштитни маски.
- При учење да се претпочита вкрстено седење со внимавање за физичка оддалеченост.
- Во читалните и занималните истовремено ке можат да присуствуваат 4 ученика на 10 м2.
- Во библиотека за земање книги да присуствува само по еден ученик.
- Воспитувачите изготвуваат распоред за користење на занималните во Домот и просториите каде што се одржуваат слободните ученички активности со почитување на сите мерки за заштита.
- Воспитувачите одржуваат редовна комуникација со родителите за општата здравствена состојба на учениците, како и за општиот успех и поведение во училиштето преку телефон, е-маил или заеднички ZOOM состанок со родителите на учениците во воспитната група.
- Воспитувачот може да одржува и индивидуални средби со родителите во Домот со претходна најава од страна на родителот и почитување на препораките за заштита.
Санитарни јазли
- Да се постави известување на влезната врата од санитарните јазли за задолжителна дезинфекција на рацете пред и по употреба.
- Да се инсталира средство за дезинфекција пред влезната врата на санитарните јазли.
- Да се обезбеди проток без застој на чекање во внатрешни тесни холови и потребната физичка дистанца со поставување ознаки, со цел да се намали ризикот од голем број на лица во санитарните јазли во исто време,
- Задолжително е носење маска при користење на заедничките санитарни јазли,
- Санитарните јазли задолжително се опремени со течен сапун, топла вода, корпа за отпадоци со капак на ножна педала и хартиени бришачи за раце за еднократна употреба како и диспанзер со средства за дезинфекција за раце, на база на 70% алкохол или препорачано вируцидно средство за дезинфекција.
- Чистење и дезинфекција на санитарните јазли, подови и сите нивни површини, 2 пати во текот на денот, со употреба на средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини.
- Да се постават корпи со капак на ножна педала кои се внатрешно поставени со пластични ќеси, за собирање на отпадоци од користени маски и ракавици, видно означени и поставени на повеќе места во внатрешноста, за отстранување на користени маски, ракавици и сл.
Протокол за работа на мензата и кујната
- Вработените во мензата и кујната, задолжително да носат заштитни маски, ракавици и заштитна облека, и да одржуваат зачестена хигиена на раце.
- Забрането групирање за време на паузите, и одржување на меѓусебно растојание при процесот на работа.
- Задолжително безбедно растојание меѓу масите, и одржување на безбедно растојание додека се јаде оброкот. Соодветно растојание помеѓу масите и столчињата да изнесува минимум 2 метри. При што на маса за 4 особи, можат да седат максимум 2 лица.
- Дезинфицирање на масата и столовите по завршување на оброкот. ( доручек, ручек, вечера )
- Масите да се покриени со хартиен или најлонски чаршаф за една употреба, при што ќе се врши промена по заминувањето на секој еден студент.
- Да се постави средство за дезинфекција на секоја маса.
- Приборот за јадење да биде складиран и послужен во најлонска или хартиена обвивка или во салфетка. Искористениот прибор покрај миењето во топла вода, да биде и задолжително дезинфициран со средство за дезинфекција.
- Се забранува користење на заеднички отворени садови при сервирање на кечап, разни зачини и слично.
- На крај на секој оброк ( доручек, ручек, вечера ) задолжително чистење и дезинфекција на сите простории, целиот прибор за јадење, приборот за подготвување и послужување на храната, како и мензата со сите маси и столчиња.
- Засилена внатрешна контрола од лицето задолжено за спроведување на препораките за спречување на ширењето на вирусот.
Препораки за постапување при појава на лице со симптоми на COVID 19
- Доколку вработен заболи од акутна респираторна инфекција, останува дома и се јавува на матичниот лекар.
- Го известува непосредно претпоставениот за својата влошена здравствена состојба. Доколку е позитивен на КОВИД 19, го известува претпоставениот, кој што го известува веднаш регионалниот центар за јавно здравје.
- Доколку вработениот бил во контакт со лице кое што покажало знаци на акутна респираторна инфекција, треба да ја следи својата здравствена состојба 14 дена, и доколку развие симптоми да се јави на матичен лекар и да го извести претпоставениот.
- Доколку ученик заболи со треска или со акутна респираторна инфекција, треба да остане во изолација во својата соба, да носи маска, да употребува само одредени тоалети и мијалници и тушеви. Управникот на ученичкиот дом, каде што престојува ученикот да се јави во најблискиот здравствен дом, за спроведување на епидемиолошка анализа и идентификување на блиски контакти.
- Просториите каде што се движел ученик заболен со КОВИД 19 темелно да се исчистат и дезинфицираат и проветрат.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот