Поврзи се со нас

Гостивар

КоронаАларм – Се пополнува инфективно во Гостивар, само два кревети се слободни

Објавено

на

Коронавирусот на гостиварското подрачје периодов се шири главно во семејни кластери.  Но, загрижува што последните неколку денови, се зголемува бројот на хоспитализирани пациенти. На инфективното одделение во гостиварската болница, кое пред неколку денови беше полупразно, од утрово има само два слободни кревети.

„Моментално имаме хоспитализирано 22 пациенти со ковид, а капацитетот на одделнието е 24 кревети. Слободни се само два кревети во машкиот дел. Двајца пациенти се на кислородна поддршка, четири се во средно-тешка сосојба, останатите може да кажеме дека се со средна клиничка слика. Бројот на новозаразени деновиве е зголемен, и тука зборуваме за гостиварското подрачје кое ги опфаќа општините Гостивар, Врапчиште и Маврово Ростуше. Повеќе се семејни кластери, значи по 4-5 заболени од една фамилија. Со тие што се во полесна состојба во домашна изолација контактираме ние и матичните лекари и им даваме совети, следиме, па ако не дај боже се влоши состојбата, овде сме да ги примиме“, изјави д-р Ратко Наумоски, раководител на инфективното одделение.

Според податоците од медицинските служби меѓу потврдените случаи на корона периодов, се две и деца, на возраст од 9 и една година.

Носењето на маска е едно од трите „златни“ оружја во борбата против ковид, кое доколку сите го користиме значително ќе го намали проширувањето на вирусот, потсетува д-р Наумоски.

„Трите мерки – маска, дистанца и хигиена мора да се почитуваат. Не е секој болен, но така се штитиме сите. Не е сеедно дали се носи маска или не. Ако некој болен носи маска, 70% од вирусот останува на маската. Ако тој до него носи маска, го намалува ризикот тие 30% да стигнат до него. Значи ако сите носиме маски, ризикот да се прошири вирусот ќе биде 1 до 2 %. Затоа велиме, носете маски. Не мора некои најсовремени, каква и да било, маската ќе намали ризик“, вели инфектологот.

Тимот на инфективно вели дека за сега успеваат да се справат со напливот на пациенти и да одговорат на потребите на болните од згрижување и терапија.

Тешко е да се предвиди како ќе се одвиваат работите во следниот период, но доколку и натаму расте бројот на заболени на кои им е неопходна хоспитализација, ќе се активираат и дополнителни капацитети.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Регионпред 2 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 3 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 4 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 6 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 7 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 20 часа

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 21 час

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 22 часа

Куче скитник утрово нападнало гостиварец

Македонијапред 23 часа

Одобрена екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена