Поврзи се со нас

Гостивар

Екологистите бараат повеќе зеленило во Гостивар за борба против аерозагадувањето

Објавено

на

Последните месеци од годината вообичаено расте нивото на загадување на воздухот. Изминатиот период мерните станици во Гостивар честопати покажуваат високи вредности на штетни ПМ 10 честички, особено во вечерните часови. Бројките некогаш се и до трипати над дозволените граници. Еколозите предупредуваат на сериозните последици по здравјето од аерозагадувањето, кои се уште позагржувачки во време на пандемија.

„Загадениот воздух е тивок убиец. Доведува до белодродбни, кардиоваскуларни заболувања, излив, канцери. Во време на пандемија го олеснува продорот на вирусите до белите дробови. Истражувањата покажуваат дека смртноста од ковид 19 е зголемена за 15% во градови и земји каде има огромно загадување на воздухот, а ние спаѓаме меѓу првите по загаденост во Европа.“, вели Валентина Штерјоска од ГвЕко.

Како прочистувач на воздухот зеленилото е незаменливо оружје против загадувањето. Во таа насока, еко активистите постојано се залагаат за подигнување на нови зелени површини.

„Недостига двонасочна комуникација, недостига стратегија и на долг и на краток рок. На долг рок незаменлива е природата и урбаното зеленило, кое многу недостасува во градот. Веќе и урбанистичкиот план го зема својот замав, се градат згради кои немаат ни паркинг, ни зеленило. Како екологисти ќе предложиме наредниот период да се направи една ревизија на урбанистичкот план, да се зголемат јавните површини кои ќе бидат засадени со убрано зеленило. Во светот веќе се користат и тие столбови на урбано зеленило, еден таков столб од мов може да замени 275 дрвја. Еве, давам предлог, апел до општината, до Советот во наредниот буџет да предвидат повеќе средства за да се зголеми тоа урбано зеленило“, нагласува Штерјоска.

Грејната сезона има големо влијание врз аерозагадувањето, но и ефектот од густиот сообраќај не е за занемарување.

„Овој период секогаш се вадиме со тоа дека грејната сеозна почнува, но каде се другите загадувачи, каде е сообраќајот, индустриските загадувачи кои не се контролираат. Имавме предлог, кој наводно се прифати, но не се реализираше, во центарот на гардот да се направи трајна пешачка зона. Барем во тој дел на градот да придонесеме загадувањето да се намали и граѓаните да може да уживаат во некои минимални прошетки на тој простор“, рече Штерјоска.

Според податоците од Министерството за животна средина годинава Гостивар имал 72 дена со надминување на средните вредности на пм10 честички, што е двојно повеќе од дозволеното.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Здравје и убавинапред 14 часа

Без прејадување за Велигден! После постот, обилна храна е шок за организмот

Гостиварпред 15 часа

Во ОВР Гостивар пријавена закана со пиштол поради расправија за паркинг

Гостиварпред 18 часа

Почитувана традиција – Поклонување и поминување под Плаштеницата во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар

ИЗБОРИ 2024пред 20 часа

Нешковска: Манастирот Св. Преображение Христово, еден од најубавите бисери во Гостивар

Вестипред 20 часа

Ден на слободата на медумите – Mакедонските новинари со потпросечни плати и се уште изложени на закани и напади

Гостиварпред 22 часа

Фатена жена при кражба во дуќан во Гостивар

Гостиварпред 23 часа

Викенд временска прогноза

Гостиварпред 1 ден

Прекин на водата во дел од Дутлок поради дефект на водоводна линија

Вестипред 1 ден

Велики петок, ден на Христовите страданија, најтажен за христијанството

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена