Поврзи се со нас

Спорт

Ефикасен натпревар во Младост – КК Гостивар го совлада Црн Дрим (109:95)

Објавено

на

Доста ефикасен и интересен натпревар прикажаа вечерва екипите на КК Гостивар и Црн Дрим од Струга. „Бело-сините“ го добија натпреварот со резултат 109-95.

Дури 204 поени постигнаа актерите на денешниот дуел, што ја потврдува „меката“ игра во одбрана и во двата табора. Ефикасниот натпревар го најави првиот период во кој беа постигнати дури 50 поени (26-24). Единствената предност на гостите беше на 3 минути пред истекот на првата четвртина, кога ја имаа предноста од 16-18, по преземањето на водството, Гостивар не дозволи ново изненадување до крајот на натпреварот. Но, младата и жилава екипа на Црн Дрим, достоинствено одигра до послениот звук на сирената на семафорот.

Одлична партија одиграа Костоски, Тодоровиќ и Мосли, сите тројца постигнаа 65% од вкупните поени за гостиварскиот тим, Костоски беше најефикасен со 28 поени и 11 асистенции, Тодоровиќ запиша 23 поени и 11 скокови, Мосли 22 поени. Штерјов постигна 11, Тасовски и Армстед по 10 поени, Јанески 3 и Димитриевски 2 поени.

Кај стружани најрасположени беа Рос и Клаусен со 22, односно 21 поен, Делоски постигна 15, а бразилецот во редовите на Црн Дрим, Жоао Марсело 14, од кои сите со атрактивни забивања.

По ова коло следи двонеделна пауза поради почетокот на подготовките на нашиот национален тим, за квалификациите за Евробаскетот во 2022 година

Наредното 6. коло од шампионатот ќе биде на програмата на 5. декември.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 2 минути

Митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар: „Сплотени да и‘ го зададеме последниот удар на оваа криминална власт“

Македонијапред 3 часа

Кое е значењето на велигденското јајце и зошто е земено за симбол на Христовото Воскресение

Гостиварпред 4 часа

Две пријави за каснување од бездомни кучиња во Гостивар

Македонијапред 6 часа

Осигурувањето за регистрација на возилата се враќа по стара цена

Гостиварпред 7 часа

Инцидент на патот Гостивар-Кичево

Македонијапред 8 часа

Велигденско послание на г.г. Стефан: Незаодната светлина од Велигден да не‘ поврзе сите Македонци во богољубието, братољубието и родољубието

Гостиварпред 9 часа

Излетал од пат четирицикл во Галичник, повредени девојка и момче

Македонијапред 10 часа

Се исплаќа априлската социјална помош

Бизниспред 11 часа

ИНОВАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА АСИНУС- ГОСТИВАР: Складирање на свежо овошје со био турбо технологија во нов погон во Македонски Брод

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена