Поврзи се со нас

Гостивар

Јакупи: Гостиварската болница има доволно легла, лекови и кислород во ковид центрите

Објавено

на

Актуелно на инфективното, интерното и одделението за неврологија кои се ковид центри во општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар, хоспитализирани се вкупно 54 пациенти, информираше директорот Јакуп Јакупи. Слободни легла има, а капацитетите според потребата ќе се прошируваат, ниту еден пациент нема да остане незгрижен, вели Јакупи.

„На чекор пред есенскиот ковид бран извршивме некои подготовки, најпрво пренаменивме дел од интернистичкиот оддел и интензивно во ковид центар. Потоа како што растеа бројките тој капацитет се исполни и најдовме алтернативно решение, односно се пренамени одделението за неврологија, каде обезбедивме дополнителни 15 кревети. За сега болничките капацитети се стабилни, вкупно раполагаме со 83 легла, од кои 54 се исполнети. На интерно се хоспитализирани 24 пациенти, на инфективно 21 и 9 на неврологија. Сите се третираат по соодветните протоколи од Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести. Болницата е снабдена со сите потребни лекови кои се во протоколите за лекување на ковид“, изјави директорот Јакупи.

За да нема застој во грижата за пациентите, реорганизација се прави и со здравствениот персонал, со оглед дека заразени со коронавирус има и меѓу медицинарите.

„Се појавија повеќе случаи на заразени меѓу медицинскиот персонал. Но, се обидуваме, како што се потребите да го распределиме медицинскиот кадар, затоа што секој ден треба да реагираме адекватно и соодветно каде што има потреба. И со средно медицински персонал и со транспортери, за лекари да не зборуваме, затоа што треба да ги покриеме потребите на пациентите 24 часа.“, рече Јакупи.

Девет месеци болницата во Гостивар ја води битката за ковид пациентите од гостиварскиот регион на кои им е потребна хоспитализација. Се појавувале различни ситуации и проблеми. Како прв човек на установата Јакупи апелира на поголемо трпение и внимателност од граѓаните, особено од семејствата на пациентите, кои кога доаѓаат пред ковид центрите го ризикуваат и сопственото здравје.

„Пациентите кои лежат во ковид центрите навистина носат голем психички товар, и кога за нешто реагираат ние ја разбираме нивната реакција и стрес, но би ги замолил нивните блиски, семејствата да бидат повоздржани, да имаат трпение и да не остават да си ја вршиме нашата работа така како што треба. Молбата е да не доаѓаат во болницата и да чекаат пред влезовите на ковид центите затоа што така и ризикот од зараза за нив е голем, притисокот врз персоналот е голем, а тоа е еден вид притисок и врз нивните блиски, тоа се пациенти кои треба да мируваат“, апелираше Јакупи.

Според последните податоци од Министерството за здравство, активно заразени со коронавирус на гостиварското подрачје се 982 лица.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 3 часа

Споделена велигденска радост во Гостивар: Христос Воскресе – Навистина Воскресе!

Гостиварпред 11 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 11 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 12 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 13 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 15 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 15 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 16 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 17 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена