Гостивар
Таравари се заблагодари на поддршката: Се чувствувам подобро, иако сè уште се борам со последиците од вирусот
Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари кој пред десетина дена објави дека е позитивен на коронавирус, се огласи преку статус на фејсбук во кој искажа благодарност за поддршката што ја добива, наведе дека се чувствува подобро и упати порака до граѓаните на внимателност за да го зачуваат здравјето.
„Драги пријатели, роднини, колеги,
Благодарност за поддршката што ми ја давате сево ова време додека сум во изолација поради коронавирусот. Длабоко се извинувам што не успевам да одговорам секому поединечно.
Морам да признаам дека многу ми значи вашиот збор. Кога човек е кршлив, немоќен, стравува за себе и најблиските секоја убава мисла, топол збор, надеж и искреност се поттик да се бориш силно и да си помогнеш и себеси и најблиските. Благодарение на тоа, се чувствувам подобро иако сè уште се борам со последиците од вирусот. Боли она што го носи вирусот, боли за себе и за сите оние што беа погодени и настрадаа од него.
Драги мои, ве молам, внимавајте на себе во оваа битка, зашто во неа непријатели најмногу сме си самите себеси. Празници, поводи за прослава, дружење, релаксираност и спокој ќе има многу и во иднина. Да ги дочекаме сите заедно!“, наведе градоначалникот.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ