Гостивар
Болницата во Гостивар подновена со опрема и апаратура вредна 50.000 евра
Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ набави нова современа медицинска опрема и апаратура за потребите на неколку болнички одделенија.
Се работи за ехо-апарат со две сонди, и тоа линеарна сонда и конвексна сонда, кои ќе се користат во детското одделение, ЕКГ монитори за пациенти, четири инфузомати за поставување на 24-часовна доза на инфузија при примена на терапија и три перфузери за одредување на дозата на интравенска инјекција со шприц од 50 ml, кои ќе се користат во одделот за интерна медицина.
Инвестицијата е од буџетот на болницата, и изнесува околу 3.000.000 денари (50.000 евра).
„По добивањето на опремата, раководителот на одделот за детски болести д-р Ферит Муча и раководителот на интерно одделение д-р Јусуф Јакупи му се заблагодарија на менаџментот на болницата за оваа многу важна инвестиција, особено во овој период на пандемија која ќе служи за третманот на пациентите. Се надеваме и веруваме многу дека оваа инвестиција на почетокот на оваа година ќе биде добра иницијатива за многу други инвестиции и капитални проекти за 2021 година, кои се веќе планирани од страна на болницата и одобрени од надлежните институции.“, соопштија од менаџментот на болницата.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот