Гостивар
Намалување: Активно заразени со корона во Гостивар се 228 лица
Во период од две недели се преполови бројката на активно заразени со коронавирус во регионот на Гостивар, кој освен гостиварската ги опфаќа и општините Врапчиште и Маврово Ростуше. Според последните податоци од Институтот за јавно здравје, моментално активно болни на подрачјето се 228 граѓани. Вчера (24 јануари) беше регистрирана висока бројка на оздравени, вкупно 87 пациенти.
Во извештаите на Министерството за здравство изминатите денови, бројот на хоспитализирани во ковид одделенијата на гостиварската болница се движи од 12 до 16 пациенти, што е далеку помалку од периоди со силен бран на ковид кога имаше и по 70 пациенти.
Бројката на активни случаи на коронавирус во Македонија се спушти под 10.000. Вчера беа регистрирани 1.731 оздравени. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 90654, бројката на оздравени пациенти е 78154, на починати е 2785, а бројот на активни случаи изнесува 9715.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот