Гостивар
Без работа во Гостивар се над 60 магистри и 652 лица со факултет
Листата на невработени на гостиварското подрачје, според последните податоци од Агенцијата за вработување, брои вкупно 11.297 лица. Оваа статистика е заклучно со 31 декември лани.
Невработеноста ги мачи граѓаните од различни возрасти и со различен степен на образование, што може да се потврди и со официјалните податоци. На списокот невработени евидентирани се 7.599 лица со основно или без никакво образование. Со завршено средно образование без работа се околу 2.500, со непотполно средно 439, а со вишо 50-тина. Работа бараат и 652 граѓани кои завршиле факултет, а невработени се дури 62 магистри.
Според поделбата на возрасни групи, 267 невработени се од 15 до 19 години, 1.225 од 20 до 24 години, која бројка отрпилика важи и за наредните возрасни групи се’ до 50 години, кога расте на над 1.300 лица.
Од вкупно регистрираните невработени во регионот на Гостивар, 1.469 работа чекаат од 5 до 7 години, додека 316 по осум или над осум години.
На државно иво, 2020-та година е заокружена со вкупна бројка од 156.432 невработени.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот