Гостивар
Во ковид центрите во земјава хоспитализирани 325 пациенти, во Гостивар 12
Во изминатите 24 часа во ковид центрите во болниците низ земјава е пријавено дека се лекуваат вкупно 352 пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот, соопшти Министерството за здравство. По извештаите на болниците кои пристигнуваат во Министерството за здравство на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 19 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 36 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 22 пациенти, во Велес се лекуваат 31 болен, а во Куманово 49 пациенти позитивни и суспектни на КОВИД-19. Во ковид центарите во Охрид има хоспитализирано 40 пациенти, во Прилеп 31, во Гостивар 12, а во Струга 19 болни. Во болницата во Струмица хоспитализирани се 20 пациенти, во Кочани 2 во Кичево 8, Кавадарци 44, во Гевгелија 6 лица, а во Дебар 13 позитивни и суспектни на корона вирусот. МЗ наведува да се има предвид дека бројките се менуваат од час во час, според направените приеми и исписи на пациенти.
Вкупната бројка на пациенти позитивни и суспектни на корона вирусот кои се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците низ земјава е 608 и има околу 452 празни болнички кревети во ковид центрите.
„Во тек на денот се прават и исписи на оздравени пациенти со што ќе се ослободат дополнителни легла.Инаку, сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород. Министерството има увид во состојбата со капацитети и доколку има потреба одделенијата ќе бидат дополнително проширени.“, соопшти МЗ.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот