Поврзи се со нас

Гостивар

Русино, водоснабдување, електронски киоск…проекти во Гостивар поддржани од Швајцарија

Објавено

на

Амбасадорка на Швајцарија, Сибил Сутер Тејада денес беше во посета на Општина Гостивар и оствари средба со градоначалникот Арбен Таравари. Акцентот на разговорот беше ставен на проектите кои се реализираат во гостиварско со поддршка од Швајцарија, особено проектите за водоснабдувањето и депонијата Русино.

„Едниот проект за кој зборувавме е за подобрување на водоснабдувањето. Навистина ни е важно да видиме прогрес во овој проект, затоа што имаше одложување долго време, а сите знаеме колку е важно водоснабдувањето за граѓаните и заедницата. Затоа не радува што во наредниот период ќе има напредок во тој правец. Другиот проект , којшто го опфаќа не само Гостивар, туку цел полошки регион е за заштитата од поплави. Тука дадовме поддршка за поставување на зелен кров во училиште и сметам дека тоа е една многу успешна приказна, од која потоа пример зедоа и други општини. Исто така, се обидуваме да помогнеме и за Русино, да се рехабилитира тој простор, а понатаму да се најде нова локација за депонирање на отпадот.“, изјави Амбасадорката.

Градоначалникот потенцираше дека Швајцарија помогнала на Општина Гостивар многу повеќе од било која Влада.

„Задоволство ми е што наш гостин е Амбасадорката на Швајцарија, држава која на нашите граѓани, на Општина Гостивар помогна многу повеќе отколку било која Влада на Република Северна Македонија. Се работи за проекти кои се во релизација и во кои партиципира Општина Гостивар. Тие одделуваат од парите од даноци што граѓаните ги плаќаат за да инвестираат во нашата општина. Се надевам дека и во иднина ќе продолжиме со исти проекти кои се за доброто на граѓаните.“, рече Таравари.

Освен водоснабдувањето и Русино, со фондови од Швајцарија во Гостивар се реализираше ново шеталиште покрај Вардар, а наскоро ќе биде пуштен во употреба електронски киоск за плаќање сметки и поднесување разни барања од страна на граѓаните.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена