Поврзи се со нас

Гостивар

Дневно до 90 пациенти со корона за анализи во Лабараторијата на Здравствен Дом Гостивар

Објавено

на

Откако се воведоа анализите на Д-Димери за корона позитивни на државен трошок, пред месец и половина, во Лабараторијата на Здравствениот дом во Гостивар, дневно се зема крв од 80 до 90 пациенти со коронавирус. Работата со ковид болните е организирана во посебни временски периоди, за да се избегне контакт со останатите граѓани кои доаѓаат за други проверки на крвта.

Заболените имаат потреба да ги контролираат параметрите, како што се Д-Димери и ЦРП повеќепати, за да се следи дали терапијата делува.

„Од пред месец и пол ние ги работиме анализите што се опфатени со тој ЛУ-1 образец за ковид пациенти. Често се случува за исти пациенти по два, некогаш и по три пати во неделата да се вршат проверки. Особено за хоспитализираните пациенти, кај кои цело време се следи состојбата, колку и како делува терапијата. Организираме прием на позитивните пациенти, после редовниот прием за да се избегне контакт на инфицираните со другите пациенти“, рече Абдулкадар Алији, раководител на Лабараторија Здравствен Дом

Испитувањето на Д-Димерите е важно за да се добие јасна слика за најчестите компликации при ковид, односно дали има згрутчување на крвта. ЦРП-то пак, се проверува за да се открие воспалителен процес.

„Досегашното искуство покажува дека првата недела од инфекцијата има покачување на вредностите на ЦРП , што е доказ дека има некој воспалителен процес. Понатаму, некаде втора недела од инфекцијата има појава на пореметување во коагулациониот дел, таа интраваскуларна тромбоза е нагласена, што се покажува со покачени Д-Димери. Со соодветна терапија, тоа се регулира, но секако потребно е време и состојбата треба да се следи, затоа што се забележани и случаи кај кои отпосле се јавиле компликации“, рече д-р Алији.

Сите анализи за ковид пациентите кои имаат соодветен лекарски упат во Лабараторијата се покриени од Фондот за здравство. На приватно анализа на Д-Димери се плаќа по 1.000 денари.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 29 минути

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 2 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 5 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 5 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 6 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 7 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 7 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена