Поврзи се со нас

Македонија

Минатата недела корона е потврдена кај 112 деца до 9 годишна возраст

Објавено

на

Во неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, за периодот од 5 до 11 април се наведува дека се регистрирани 6.867 нови позитивни случаи од 35 градови во државата, што е намалување од 13,4% во однос на претходната недела. Процентот на позитивност се движи од 16,2 до 29,6%, просечно 24,3%. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (2.857). Во Гостивар биле потврдени 181 случај.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (2.106). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 50-59 (1.245), 40-49 (1.201), 30-39  (1.176) и 20-29 (711). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (112) и 10-19 години (316).

По добиени 2 негативни теста за присуство на SARS-CoV-2 или со употреба на новиот алгоритам, со статус „оздравени“ се стекнале 6.112 лица кои биле хоспитализирани или на домашно лекување, со зголемување од 25,7% во споредба со претходната недела.

Пријавени се 276 смртни случаи од 29 градови, 6,2% повеќе во однос на минатата недела. Во однос на возраста, 238 лицa биле над 60 години, 27 лица на возраст од 50-59 години, 8 лица од возрасната група од 40-49 години и 3 лица од 30-39 години, стои во извештајот.

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Регионпред 4 часа

Објавени телефонски броеви за итни случаи за државјани на Македонија кои ќе летуваат во Албанија

Македонијапред 5 часа

Синдикален протест: Повисоки плати, трошоци за храна и превоз, 35-часовна работна недела…

Здравје и убавинапред 6 часа

Телото ви кажува ако прекумерно внесувате шеќер

Македонијапред 8 часа

Внимателно при палење оган на отворено, апел од ЦУК до граѓаните кои ќе прават првомајски излет во природа

Вестипред 10 часа

Меѓународен ден на трудот, симбол на борба за работнички права

Рецептипред 22 часа

Празничен рецепт – Велигденска погача за убава трпеза и вкусен залак

Македонијапред 24 часа

Меланом – најопасниот рак на кожа, може да се излечи ако се открие навреме

Гостиварпред 1 ден

Куче скитник утрово нападнало гостиварец

Македонијапред 1 ден

Одобрена екстрадицијата на Љупчо Палевски – Палчо

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена