Вести
Хуманитарен кошаркарски натпревар во Гостивар
Клубот на млади при општинската организација на Црвениот Крст во Гостивар, денес организира хуманитарен кошаркарски натпревар во спортската сала. На натпреварот учествуваат екипи од женскиот кошаркарски клуб „Гостивар“, кој несебично се вклучи и ја поддржи хуманата акција. Со собраните пари од влезниците и донациите, ќе се помогне на социјално загрозено семејство од гостиварското село Беловиште.
„Активноста ја реализираме во рамки на Програмата за промоција на хумани вредности на Црвениот крст, преку која ние како Клуб на млади, до сега имаме спроведено 11 мали проекти на гостиварското подрачје“, рече Николина Симјаноска од Клуб на млади на Црвен крст – Гостивар.
Хуманитарниот настан го поддржаа голем број гостиварци кои дојдоа да го проследат натпреварот и да дадат свој придонес за помош на социјално загрозеното семејство.
Мотото на денешната активност гласи „Хуманоста е одлика на луѓето со големо срце“
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот