Поврзи се со нас

Македонија

Засилени контроли пред велигденските празници за безбедноста на јајцата, боите, месото

Објавено

на

Во пресрет на велигденските празници и зголемената побарувачка на јајца, бои за јајца, месо и други прехранбени производи, инспекциските служби на Агенцијата за храна и ветеринарство спроведуваат засилени контроли во производството и прометот. Се проверува дали и колку операторите со храна ги исполнуваат општите и посебните услови за безбедност на храната, означувањето и заштитата на потрошувачите од измама. Контроли се спроведуваат во маркетите, специјализираните продавници за јајца, месарниците и зелените пазари.

„Со досега спроведените контроли не се утврдени недоследности кај производителите, увозниците и трговците со јајца и бои за јајца, кај кои покрај усогласеноста со одредбите на Законот за безбедност на храна се контролира и спроведувањето на Правилникот за адитивите кои се употребуваат во производството на храна. Домашните производители на бои за јајца ги имаат имплементирано правилата на Добра производствена и Добра хигиенска пракса во производството, односно, боите кои ги произведуваат се безбедни.“, соопшти АХВ.

Од Агенцијата пелираат до граѓаните да купуваат храна, вклучително и јајца и бои за јајца исклучиво од регистрирани производители/увозници, кои се соодветно означени. Секоја недоследност во поглед на безбедноста на храната, вклучително и на производството и трговијата со јајца и боја за јајца граѓаните можат да ја пријават во Агенцијата, лично, телефонски на бесплатниот телефонски број 0800  3  22  22, или електронски на info@fva.gov.mk.

Инспекциските служби на АХВ во првиот квартал од годинава спровеле приближно 12 илјади контроли. Изречени се 1 902 мерки (1040 решенија за отстранување на утврдени недоследности, 778 едукации, 11 прекршочни и поднесени се 15 кривични пријави). Забранети за увоз се по една пратка со храна од животинско и од неживотинско потекло. Уништени се повеќе од 67 тони небезбедна храна, од животинско и од неживотинско потекло, најголемиот дел од самите оператори –  44.1 тони и 22,9 тони од страна на инспекциските служби на АХВ.

Сподели ја веста:

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Магазинпред 11 часа

Збунувачко, иритирачко и штетно-Реченици што треба да се избегнуваат

Гостиварпред 13 часа

Гостивар-Средношколци ги измерија знаењата во Прва помош

Гостиварпред 16 часа

Прва награда на државно ниво за тим од гимназија Гостивар, измислија иновативен прочистувач на воздух

Македонијапред 17 часа

Промовирана новата генерација полициски службеници, 416 мажи и 92 жени

Македонијапред 20 часа

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу деца од 10 до 14 години

Македонијапред 21 час

Околу 500 кг. ѓубре годишно по жител во Македонија

Македонијапред 22 часа

АХВ: Отповикан небезбеден сладолед, тие што го купиле да не го конзумираат и да го вратат

Македонијапред 23 часа

Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи осигурувањето за регистрација на возилата

Вестипред 24 часа

Денеска е Лазарова сабота во спомен на чудесното воскресение на Лазар извршено до Исус Христос

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 1 месец

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена