Поврзи се со нас

Македонија

Од вторник вакцинација со кинески Синофарм – и Филипче ќе прими таква вакцина

Објавено

на

Утрово во земјава пристигнаа 200.000 дози на вакцини од кинески Синофарм, обезбедени во директни преговори со производителот. а министерот за здравство Венко Филипче најави дека имунизацијата со нив ќе започне од вторник, односно веднаш после дистрибуцијата на предвидените дози до сите пунктови кадешто ќе се спроведува.

, Станува збор за количина од 200.000 вакцини коишто службите ќе ги одработат соодветно во делот на проверка на ладниот ланец. Тие ќе се сместат во ладната соба којашто беше поставена благодарение на Фондацијата “Direct Relief” и од тука во текот на следните денови, најкасно во понеделник ќе бидат дистрибуирани во сите вакцинални пунктови. Тоа се пунктовите за масовна вакцинација ширум државата и во Скопје, во салата Борис Трајковски и во другите 6 градови – во Куманово, Штип, Кавадарци, Тетово, Охрид и Битола и според распоредот на веќе пријавени граѓани ќе биде и распределена и бројката на вакцини. Процесот на вакцинација со кинеските вакцини ќе започне веќе во вторник. Ова е месец во којшто очекуваме и други, значајно големи количини на вакцини и искрено верувам дека до почетокот на летото ќе имаме висок процент на население коешто ќе биде вакцинирано и тоа сето ќе придонесе до целосно менување на сликата на епидемијата кај нас” , изјави министерот.

Кина се уште е во процес на масовна вакцинација, а веќе 200.000 милиони луѓе се вакцинирани и со оглед на тоа што ова е земја со население од 1,4 милијарди жители, сè уште трае процесот на имунизација.

,,Денес, пристигнувањето и официјалното доставување на првите 200.000 дози на вакцини Синофарм против КОВИД-19 во Северна Македонија не само што претставува нова пресвртница на солидарноста меѓу нашите земји во борбата против епидемијата, туку исто така напиша и ново поглавје во пријателските односи меѓу нашите два народа. Вакцинацијата е важен чекор во спречување, контрола и пораз на епидемијата. Кина ги прогласи вакцините за глобално јавно добро и се приклучи на програмата Ковакс на СЗО. Кина обезбедува итно потребни вакцини на повеќе од 100 земји и меѓународни организации. Пристигнувањето на кинеските вакцини во Северна Македонија денес го потврдува дејствувањето на Кина во сплотеноста при градење на заедница со цел подобро заедничко здравје за човештвото. Драго ни е што кинеските вакцини можат да придонесат во напорите за вакцинација на луѓето од Северна Македонија”, кажа Амбасадорот на Народна Република Кина н.е. Џанг Ѕуо.

Министерот најави дека и тој ќе се вакцинира со кинеската вакцина за да даде пример за граѓаните. „Сакам да бидам пример и да ги уверам граѓаните дека вакцините се безбедни. Соодветно е тоа да го направам со кинеската вакцина, затоа што таа сега е во најголема бројка на располагање и на граѓаните. Тоа најверојатно ќе го организираме во неделата што следува. Сите вакцини се безбедни, па затоа нема потреба да се става акцент на тоа да се бира вакцина, бидејќи сите се со еднаков квалитет. Каква вакцина има во пунктот во тие часови кога е предвидено да се вакцинираат граѓаните тоа да го направат без да бидат загрижени и да размислуваат дали да се вакцинираат со една или со друга вакцина“, рече Филипче.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 4 часа

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 5 часа

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 6 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 6 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 9 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 9 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 9 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 10 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 11 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена