Вести
Уште два дена за пријавување на персонален данок во УЈП
Утре, 15-ти март е крајниот рок за поднесување на годишна даночна пријава за персонален данок во УЈП. Како и секоја година и оваа, најголемиот број од граѓаните ја завршуваат оваа обврска во последните денови од предвидениот рок. Доколку спаѓате во категоријата која е должна да поднесе пријава, сторете го тоа денес или утре за да не се соочите со плаќање на казни.
Кој има обврска да поднесе даночна пријава за персонален данок? Сите оние кои во измината 2016 година, оствариле дополнителни приходи, односно освен плата или пензија или приход од земјоделска/самостојна дејност, оствариле и приходи од: кирии (издавање на имот – закуп или подзакуп), авторски права, индустриска сопственост, исплатена дивиденда, капитална добивка од продажба на учество во капитал и недвижен имот; добивка од награднa игрa во износ поголем од 5.000 денари; приходи остварени од игри на среќа преку специјализирани странски интернет страни, лични примања од странство, работно ангажираниње во амбасада, мисија на меѓународна организација, приходи остварени преку интернет, поставување на реклами на сопствени интернет страни и други дополнителни приходи, надвор од вашата редовна плата или пензија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот