Поврзи се со нас

Вести

ПС Гостивар – Зголемен криминалитет, намален број на инциденти во училиштата

Објавено

на

 

На подрачјето што го покрива гостиварската полиција, во 2016-та, се случиле вкупно 926 кривични дела. Сините униформи во годишниот извештај, бележат пораст на криминалитетот во однос на претходната година, но и на ефикасноста во разрешување на случаите. Извештајот беше усвоен на денешната седница на Советот на општина Гостивар.

Лани има зголемување на кривичните дела за 3,5%, поднесени се 489 кривични пријави против 538 сторители. Бележиме околу 60% ефикасност за откривање на сторителите, што е реална и на задоволително ниво“, изјави командирот на ПС Гостивар, Гази Абдураими.

Во однос на прекршоците од нарушувања на јавниот ред и мир, ланската година на гостиварското подрачје била стабилна, оцени командирот Абдураими. Тој потенцираше дека особено внимание се посветило на училиштата за да се превенираат инциденти меѓу ученици. За разлика од претходната година, бројот на инциденти се намалил за 60-тина проценти. Засилени превентивни мерки биле преземени и во сообраќајот.

На денешната седница на гостиварскиот совет, беше верификуван мандатот на новата советничка од ВМРО-ДПМНЕ, Ивана Богданоска, дојдена на местото на Дафина Јовановска Стојаноска која стана пратеник.

Инаку, четиригодишниот мандат на советниците од овој состав истекува наредната недела. Како натаму ќе биде организирано функционирањето на Советот до распишување на нови локални избори се` уште е неизвесно поради актуелните политички случувања.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 19 минути

Велигденска честитка на Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ 2024пред 1 час

Стојаноска: Бројот 2 е да си ја зачуваме историјата и да ја градиме иднината за нашите деца

Вестипред 2 часа

РАДОСТ ВО ЕРУСАЛИМ: Благодатниот оган се спушти во црквата Воскресение Христово

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ 2024пред 3 часа

Пендаровски во Гостивар – Да не се враќаме назад во време на препукување: Кој е поглавен во оваа заедничка куќа

Вестипред 5 часа

Велика Сабота, ден на слегувањето на Благодатниот оган: Чудо и привилегија на православните верници

Гостиварпред 5 часа

Света литургија во Гостивар на Велика сабота: Со радост да ги поминеме следните часови до Воскресението, празник на нашето избавување од ропството на смртта и премин во живот

Гостиварпред 6 часа

И на дожд „летаат“ по патот, казнети 115 брзи возачи во Гостивар и Тетово

Здравје и убавинапред 6 часа

Здравствените придобивки од ротквицата и зошто треба да ја вклучите во вашата исхрана

Вестипред 7 часа

Четврти мај, годишнина од смртта на Гоце Делчев и на Јосип Броз Тито

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 4 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена