Македонија
УЈП: Проверете си ја Даночната пријава, рокот истекува на 31 мај
На 31 мај (понеделник) истекува законскиот рок за потврда или корекција на Годишната даночна пријава (ГДП) за 2020 година, потсетува Управата за јавни приходи.
Потврдата односно корекцијата на ГДП се врши електронски на корисничките профили на физичките лица на платформата Е-ПДД.
По истек на законскиот рок Годишните даночни пријави ќе добијат статус на конечни, согласно последниот статус на Годишната даночна пријава – потврдена или коригирана.
На 1 јуни година службено ќе бидат потврдени и Годишните даночни пријави коишто од страна на граѓаните не се ниту потврдени ниту коригирани.
Годишната даночна пријава којашто граѓанинот ја коригирал, а добила статус на конечна даночна пријава ќе треба да биде одобрена од службено лице на Управата за јавни приходи. Доколку службеното лице не ја одобри коригираната даночна пријава ќе се донесе решение за утврдување на данок на личен доход за 2020 година.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ