Гостивар
Емотивно: Половина век матура на осмата генерација од гимназијата во Гостивар
Во 1971-вата година го завршија средното образование во гимназијата во Гостивар, денес повторно се собраа таму да прослават 50 години матура. Емотивна средба за паметење имаше осмата генерација матуранти гимназијалци. Училишното ѕвонче повторно ги собра во школските клупи, како порано кога биле ученици, а тие си споделуваа спомени од средношколските денови, разговараа за случките од младоста како и за нивниот сегашен живот.
„Се чувствувам многу среќно, истовремено и многу потресено, емотивно. Не е лесно 50 години да доживееш да бидеш дел од средба со генерацијата. Горд сум со тоа што сме дале за Гостивар како генерација, над 35 завршија факултети, има доктори на науки, универзитетски професори, врховни судии, лекари. Мислам дека и идните генерации треба да го следат тој пример“, рече Али Хајдар Гаши.
Оваа генерација матурирала како осма по ред на гостиварската гимназија.
„Ова е голем и значаен јубилеј за нас, среќни сме. Нашата генерација е една од најуспешните, со што се гордееме. Ова е еден убав повод да се видиме, да поразговараме, да изразиме емоции. Има другари што не сум ги видел со години и се радувам што сега има прилика да се дружам повторно“, рече Зирап Лимани.
Емотивната средба на некогашните гимназијалци, започна пред училиштето, а свечениот момент беше овековечен со заедничка фотографија.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 2 месеци
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот