Вести
Поголема безбедност на пешаците, велосипедистите, моторџиите – проект на полицијата во Гостивар и Тетово
Секторот за внатрешни работи Тетово ги финализира последните подготовки за реализација на новиот превентивно-информативен и едукативен проект „Поголема безбедност на пешаците, велосипедистите, мотоциклистите и возачите на електрични тротинети и запознавање со позначајните прописи и измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата“. Носител на проектот е Отсекот за превенција, а неговата практична презентација планирана е на 18-ти овој месец во Тетово и на 19-ти во Гостивар.
Во рамките на проектот се предвидува организирање на еднодневни информативни средби со пешаци, велосипедисти, мотоциклисти и возачи на електрични тротинети, на кои полициски службеници од тетовската Полициска станица и гостиварското Одделение за безбедност на патниот сообраќај поблиску ќе им ги претстават новините во законската регулатива, а ќе презентираат и корисни совети за оваа категорија на учесници во сообраќајот. Покрај тоа, ќе се дистрибуираат и над 2000 наменски изработени флаери, на македонски и на албански јазик, додека во втората фаза од проектот планирано е и одржување на сообраќајни поуки за прекршители.
„Целта на проектот, чие мото е „Само искуството е знаење, сé друго е информација и едукација“ е преку непосредно информирање, совети и укажувања да се придонесе за поголема безбедност на пешаците, велосипедистите, мотоциклистите и на возачите на електрични тротинети, кои деновиве во се поголем број се среќаваат меѓу учесниците во сообраќајот на поширокото полошко подрачје.“, соопштија од СВР.
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Што, како, каде?!пред 3 месеци
ШОУ: Легендарните „Солза и Смеа“ доаѓаат во Гостивар
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ