Поврзи се со нас

Гостивар

Игуменот на Бигорски, отец Партениј во Гостивар по повод Собор на сите Светии

Објавено

на

Во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ во Гостивар во чест на денешниот празник Собор на сите Светии, утрово имаше евхаристиски собор. На покана на Митрополитот тетовско-гостиварски г.Јосиф во Гостивар беше Игуменот на Бигорскиот манастир, отец Партениј.

Митрополит г. Јосиф, посебно ти благодарам што благоизволи на овој ден, кога ги славиме сите Светии, да ме поканиш во овој прекрасен храм посветен на Пресветата Владичица наша Богородица и во овој за мене возљубен град Гостивар, кој секогаш ме потсеќа на моите први монашки денови. Впрочем, Гостивар е град многу близок на Бигорски и на гостиварчани Манастирот отсекогаш им бил при срце. Ете зошто мојата благодарност е толку голема што денес се наоѓам овде, меѓу овие прекрасни луѓе. Да проговориме сега и за денешниот голем празник, за споменот на сите Светии, кој причинува слатка радост во душите на верните. За него може да се каже дека тој претставува обилна духовна жетва на сè она што се случило во Домостројот Божји за спасение на човештвото: доаѓањето на нашиот Спасител Господ Исус Христос помеѓу нас луѓето, Неговото распнување, Неговото Воскресение и Вознесение, а најпосле и испраќањето на Светиот и Божествен Дух од Отецот преку Синот, Кој ги научил апостолите на мудроста одозгора и ги направил храбри проповедници.“, рече Игуменот на Бигорски манастир отец Партениј.

Владиката г. Јосиф во обраќањето искажа благодарност и широко добредојде за гостите од Бигорски.

„ Ваше Преосвештенство, ви благодарам што денеска сте овде во Гостивар, во градот на гостопримството, каде, како што самиот рековте, прекрасно се чувствувате и имате убави спомени одовде. Гостивар токму тоа и значи: град на гостопримливи луѓе, на домаќини. Затоа, секогаш, кога и да посакате, сте добредојдени овде. Паметам, кога живеев во Бигорскиот Манастир, честопати заедно доаѓавме овде. Тогаш гостољубиво нè пречекуваше намесникот на овој храм, отец Боге – Бог да го прости и да му даде Царство небесно.“, рече Митрополитот.

Отец Партениј на Владиката му подари пастирска патерица, со желба и молитви да продолжи да ги води верниците со многу љубов и смирение.

Празникот Собор на сите Светии се празнува во неделата по Духовден и црквата го востановила за заедничко сеќавање и празнување на сите светци. Се празнува за да им се оддаде почит на оние светци чии имиња не се познати како поради нивната бројност, така и поради тоа што нивниот култ во одредени краишта не заживеал.

фото: Бигорски манастир

Сподели ја веста:
Advertisement

Маркетинг

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Огласи за вработување:

Гостиварпред 1 месец

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 2 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 3 месеци

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

Гостиварпред 4 месеци

Ангелчињата во Гостивар го најавија Христовото раѓање-Бадникова поворка 2024

Спортпред 5 месеци

По првиот круг од сезоната КК Гостивар „виси“ на 8-та позиција на табелата

Спортпред 5 месеци

Кехинде од пенал му пресуди на Македонија Ѓорче Петров 1-0

Гостиварпред 8 месеци

Стефановски: Гостивар одличен како домаќин и публика, благодариме од срце!

Спортпред 8 месеци

ФК Гостивар загуби на домашен терен од Силекс 1-2

Гостиварпред 9 месеци

Осветена црквата „Св.Климент Охридски“ во Пожаране: Да го чуваме православието, секој храм е парче небо на земјата!

Advertisement

Популарно изминативе 100 дена