Поврзи се со нас

Гостивар

„Атласот на тајните“ нова книга под авторски потпис на гостиварецот Дејан Крстески

Објавено

на

Деновиве од печат излезе романот „Атласот на тајните“, петто книжевно дело на авторот Дејан Крстески. Се работи за возбудлив психолошки роман на околу 330 страници, со неочекуван пресврт во крајот.

За новата книга, писателот вели: – „Атласот на тајните“ е сложен роман, односно за роман во роман, книга во книга… кои наизменично го градат стеблото на приказната. И двете целини ги напишав во различен манир, а она што ги обединува е секако длабоката анализа на ликовите која за мене како автор беше од опсесивен интерес. Во однос на приказната нема да откривам ништо, бидејќи не би сакал да влијаам врз сујективното доживување на секој што ќе ја прочита оваа книга. Јас често велам дека станува збор за психолошки роман, но несомнено во него се забележува една еластачност на жанровите кои се обединети. Истовремено сум среќен и возбуден затоа што овој роман ќе се најде наскоро во рацете на читателите. Не само поради тоа што е работен долго време, туку и затоа што нудам една поинаква приказна, поинаква реалност која ќе ги отвори вратите кон подоброто себеспознавање.

Во рецензијата за романот, поетесата и новинар Љупка Антеска меѓу другото наведува: „Додека го читате „Атласот на тајните“ на моменти ќе ве полазат морници од сознанието што сè може да се најде во човековата душа и колку е таа безгранично сложена. Ќе ве натера да погледнете и во самите себе си, а веројатно пошироко да ги отворите очите и за оние околу вас. Но, многу е важно што ова е роман кој раскажува за човекот, на едноставен начин успева да го раслои, да посочи кон мрачните страни од кои секој поединец бега, а истовремено не е роман кој суди и вперува прст.“

Најновото дело на Крстески наскоро ќе биде промовирано во Гостивар.

Дејан Крстески е роден во Скопје, 1986 година. Дипломирал македонски јазик и книжевност на филолошкиот факултет и психологија на филозофскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Автор е на збирките раскази „Поглед кон небото“ и „Чист хероин“, и на стихозбирките Луѓе без лица“ и „Херои од хартија“. Добитник е на повеќе литературни награди и признанија, меѓу кои и првата награда на интернационалниот поетски фестивал „Мелнички вечери на поезијата 2020“.

Сподели ја веста:
Advertisement
Advertisement
Advertisement
Македонијапред 51 минута

Како до поголема сообраќајна безбедност: Затворски казни, одземање возила, ефективни контроли за градење сообраќајна култура…

Здравје и убавинапред 2 часа

Лути и лековити – намирници кои го зајакнуваат вашето здравје

Спортпред 16 часа

Шампионот се сопна во „Младост“ КК Гостивар – МЗТ Скопје 60:55

Деца Родителипред 16 часа

Зошто критичкото размислување е најважната вештина за вашето дете?

Македонијапред 19 часа

Децата од мали нозе да се учат за безбедноста во сообраќајот! Семејството е фактор на превенција

Гостиварпред 21 час

До училиштата стигнале над 240 лажни дојави за бомби, се истражува кој и зошто ги пратил

Македонијапред 22 часа

Регулаторна: ЕВН Хоме да ги коригира сметките за струја и да направи соодветна распределба по блокови

Македонијапред 22 часа

Јаневска: Вработените во училиштата да комуницираат исклучиво преку службените е-адреси креирани од МОН

Спортпред 23 часа

Во евролигашки термин КК Гостивар денес ќе го пречека шампионот МЗТ Скопје

Гостиварпред 3 недели

Се потсетуваме, најсреќните на Водици во Гостивар кои го извадија крстот од Вардар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 4 недели

Фатено лице при кражба во манастирот Свето Преображение во Гостивар

Магазинпред 4 недели

Зошто не треба да ги плакнете садовите пред да ги ставите во машина за миење садови?

Гостиварпред 4 недели

Растечки тренд на разводи во Гостивар, се распаѓаат бракови и по 20 години заеднички живот

Гостиварпред 2 недели

Општина Гостивар ќе доделува субвенции за инвертери и велосипеди

Гостиварпред 2 недели

Гостивар-Девојче и момче ноќеска паднале во бессознание по пиење алкохол во дискотека

Гостиварпред 2 недели

Калта и загадувањето во Гостивар од изградбата на Коридорот 8, тема во Локалниот совет за превенција

Гостиварпред 4 недели

Сучење на врвките за градскиот крст во Гостивар

Гостиварпред 3 недели

Празникот Водици во Вруток прославен традиционално со уникатни обичаи

Гостиварпред 3 недели

Осветен Вардар во Гостивар – Масовно чествување на Богојавление – Водици 2025, топлината во срцата посилна од студот!

Гостиварпред 1 месец

Бадникова поворка 2025 во Гостивар – Река од дечиња низ улиците го навестија Христовото раѓање

Гостиварпред 3 месеци

ПАТЕПИС: Во прегратките на Кораб – Светилиштата како вечност        

Гостиварпред 5 месеци

Одбележани 80 години од злосторот во Беличица-Почит за положените животи за слободна Македонија

Гостиварпред 6 месеци

Кинолошки спектакл во Мавровско, над 200 кучиња на Меѓународната CACIB 2024 изложба

Гостиварпред 11 месеци

Света архијерејска Василиева литургија во Гостивар со гости од Србија и чин на ракоположување

Гостиварпред 11 месеци

Со љубов и почит кон корените – „Танец“ одржа концерт во Гостивар

Гостиварпред 1 година

Водици 2024 Гостивар: Осветени водите на Вардар – Бог се јави, Навистина се јави!

ОГЛАСИ ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

- Хидротермика системи ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар
- М-Е Систем ДООЕЛ Гостивар

Заследете нѐ на Facebook

следете нѐ и на телеграм

Advertisement

Следете нѐ

Популарно изминативе 100 дена