Магазин
Идеи за првоаприлски костими кои лесно може да ги направите
Доаѓа Први април, омилениот Ден на шегата за децата. Низ продавниците во Гостивар и по интернет може да се купат готови костими за маскирање, обично инспирирани од ликови од бајките, цртаните филмови, суперхероите…Но, ако вие и вашето дете имате желба овој први април да бидете пооригинални и да ја избегнете маскенбалската униформираност, ви помагаме со креативни и интересни идеи за костими, кои лесно може да ги изработите сами.
За да го претворите детето во медуза, ви треба само проѕирен чадор на кој ќе залепите повеќе ленти од хартија или од некоја ткаенина.
Маската за пантомимичар, исто така е едноставна – се прави со обојување на лицето, шапка, ракавици и црна или црно-бела блуза.
Боја за лице и тоа сина е потребна и за штрумфови кои децата ги обожаваат. За комплетирање на еден штрумф, ставете обично капче на глава, сина блуза и бели хеланки или панталончиња.
Вашето дете лесно може да го маскирате во нуркач. Боците кислород направете ги од пластични шишиња и поставете ги на грбот со врвки.
За маска полжав треба да изработите рогови од ткаенина кои ќе ги поставите на венче. За кукичката на полжавот се намотува некоја лесна прекривка или ќебенце со соодветна боја.
Картонските кутии секогаш вршат работа, па така може да послужат и за првоаприлскиот маскенбал. Од нив може да направите „дете подарок“ или “дете лего коцка“
-
Гостиварпред 2 месеци
Курсна листа на НБРМ и приватните менувачници во Гостивар
-
Македонијапред 2 месеци
Денеска е Летник
-
Македонијапред 3 месеци
Србите го слават Свети Сава – Национален празник на српската заедница во земјава
-
Македонијапред 1 месец
Денес е Прочка – Проштевајте и побарајте прошка од оној на кој сте му згрешиле
-
Гостиварпред 2 месеци
Објавен повик за невработени-По 6.000 евра грант за да си отворат бизнис
-
Вестипред 2 месеци
Историјат на Осми март – Празник посветен на правата на жените
-
Видео емисиипред 3 месеци
Емисија „МИНУТИ ЗА СЕКОГО“ – Гостин: д-р Агим Јакупи | НАТАЛИТЕТ И ЖЕНСКО ЗДРАВЈЕ
-
Гостиварпред 3 месеци
Баба Нада со 90 години е најстар жител на Зубовце, денес пречека добри гости во домот